Рудигер: Возбуден сум за тоа што ме чека во Реал

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Реал Мадрид, Антонио Рудигер се радува на неговиот трансфер во европскиот шампион. Германскиот репрезентативец го напушти Челси како слободен играч и за четири сезони потпиша со „Лос Бланкос“.

„Горд сум што можам да објавам дека доаѓам во Реал. Исклучително сум возбуден за предизвиците што ми претстојат. Едвај чекам да ги одиграм моите први натпревари за овој огромен клуб“, напиша Рудигер на социјалните мрежи, а под објавата на клубот за договорот напиша „Хала Мадрид“.

29-годишниот дефанзивец беше вклучен во „Идеалниот тим“ минатата сезона во Лигата на шампионите.

Последните пет години ги помина во Челси.

Слични содржини