Рудникот САСА и оваа година подели пакетчиња за децата, надомест за своите вработени и социјално ранливите граѓани

367 прегледи

И оваа година, рудникот САСА во пресрет на новата година ја продолжува традицијата, обезбедувајќи пригодни подароци за членовите на локалната заедница и за своите вработени.

Како изминатите години, така и оваа година компанијата обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од градинките и учениците од основното училиште во Македонска Каменица, како и за сите лица со посебни потреби во локалната заедница. Истовремено, пакети со прехранбени и друг вид производи добија и лицата и семејствата од социјално ранливите категории за да можат и тие да го почувствуваат духот на новогодишните празници. Дополнително, пригодни подароци ќе има и за членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата, како и вработените во рудникот, кои на новогодишната ноќ ќе бидат на своите работни места.

Заради заштита на здравјето на луѓето и превенција од ширење на Ковид-19, оваа година не се организираа новогодишни средби и дружења. Дистрибуцијата на новогодишните пакетчиња за децата беше направена во соработка со училиштата и градинките, а пакетите со прехранбени и останати производи, како и подароците за дежурните служби се доставени во соработка со соодветните локални институции.

„Среќни сме што и покрај сите предизвици низ кои заедно поминавме во текот на оваа година ја продолжуваме традицијата на новогодишно дарување со која сакаме сите членови на заедницата да ја почувствуваат радоста и магијата на претстојните празници. Жалиме што околностите не ни дозволуваат оваа Нова Година да се дружиме и заеднички да ги споделиме овие моменти, но сепак остануваме оптимисти дека следните новогодишни празници ќе ги дочекаме заедно, во добро здравје и одлично расположение. Рудникот САСА бил и останува составен дел од оваа задница“, изјави во оваа прилика директорот за одржливост во Рудник САСА, Ивица Талевски.

Исто така, Рудник САСА на сите свои вработени кои покажале голема трудољубивост и посветеност во исполнување на работните задачи во текот на годината, покрај редовната плата, им исплати и новогодишен надоместок, а им додели и пригодни подароци.

Слични содржини