Румен Радев и Љупчо Георгиевски се сретнаа во Софија: Вклучување на Бугарите во уставот на Македонија како услов за напредок во ЕУ

од Илинка Илиоска
579 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев во Софија оствари средба со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарски клуб „Иван Михаилов“ од Битола. Според соопштението од кабинетот на Радев, Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во Македонија наскоро ќе биде вклучена во уставот на земјата, што ќе создаде уставни гаранции за заштита на нивните права, ќе го отвори патот за почеток на преговори за членство во Европската Унија и ќе ја стимулира културната и образовната размена меѓу двете земји.

Радев истакнал дека очекува Македонија „во најкраток можен рок да ги вклучи Бугарите во својот устав и да продолжи со имплементацијата на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е дел од преговарачката рамка“. Според него, овој чекор е важен за развојот на полноправната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и за стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Пред два дена, во Битола продолжи судењето на Љупчо Георгиевски. Клубот „Ванчо Михајлов“ беше избришан од Централниот регистар, но членовите на клубот формираа нова организација под името „Една роза“, која ги задржа просториите на улица „Рузвелтова“ во Битола, во некогашното еврејско маало. Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи, го одолговлекува судењето, а следното рочиште е закажано за 28 јануари наредната година.

Слични содржини