Русија и Белорусија ги зајакнаа заедничките сили за противвоздушна одбрана

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Министерството за одбрана на Белорусија денеска соопшти дека се зајакнати заедничките руско-белоруски сили за противвоздушна одбрана, а нови ракетни единици се преместени на позиции.

„Противвоздушните ракетни единици напреднаа во одредени области и презедоа борбена должност“, се вели во кусото соопштение на Министерството, пренесува „Ројтерс“.

Како што соопшти претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко, поради „влошување на ситуацијата на западните граници на сојузната држава“, регионалното групирање на војниците е зајакнато.

Слични содржини