Денес Русија и Украина меѓусебно ги нападнаа позициите во источна Украина, долж целиот фронт, без навестување дека ќе го почитуваат 36-часовниот прекин на огнот нарачан вчера од рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.
Украинските сили го гранатираа Доњецк точно напладне по московско време, во моментот кога требаше да започне еднострано прогласеното Божиќно примирје наложено од Кремљ на 5 јануари, а следуваа уште две гранатирања, пренесува ТАСС.
Во соопштението за печатот на самопрогласената Доњецка народна република се наведува дека во гранатирањето на Доњецк биле употребени проектили со калибар 155 милиметри од оружје што НАТО и го доставувал на Украина.