Ботови, координирано неавтентично однесување кое потекнува од Русија, обиди за шпионажа на руски хакери насочени кон сојузниците на Украина, сајбер напади и масовно создавање ресурси со единствена цел ширење дезинформации – Русија прибегнува кон секакви средства за да навлезе во информативниот простор на Европа.
Главната цел на Русија е да ја оправда својата војна против Украина во очите на западната публика и да ја дестабилизира Европа, се вели во извештајот на Центарот за стратешка комуникација и безбедност на информации кој го пренесува Укринформ.
Во извештајот за дезинформации и манипулации со факти во глобалниот информативен простор во 2022 година, Европската служба за надворешни работи ја прогласи Русија за главен актер на дезинформации во 2022 година.
Во извештајот се нагласува дека Русија шири фалсификати преку официјални дипломатски канали, државни медиуми кои емитуваат и на руската и на странската публика, како и преку про-Кремљ канали на Интернет кои ги кријат своите директни врски со руската влада, но можат да добијат финансирање од Москва. . Меѓу најиндикативните примери на дезинформации во Европската унија беа медиумските компании Спутник и Russia Today (RT).
Според агенцијата, главната тема на руските информативни напади била војната на Русија против Украина. Во шеесет сдсто случаи , нивната цел била да ја оправдаат целосната руска инвазија на Украина.
Исто така, важно е да се забележи дека резолуцијата „Правните аспекти и аспектите на човековите права на агресијата на Руската Федерација против Украина“, усвоена од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на 26 јануари, ја призна руската официјална реторика користена за оправдување на целосна инвазија и агресија против Украина како што има знаци на јавно поттикнување на геноцид и може да укаже на геноцидна намера да се уништи украинската национална група како таква или барем дел од неа.
Целата анализа на следниот линк!