160
Русија постигна договор со Иран за почеток на производство на стотина вооружени беспилотни летала, кои ќе се произведуваат на руска територија, пишува Вашингтон пост.
Повикувајќи се на разузнавачки информации споделени од американските и другите западни безбедносни агенции, тие велат дека официјални лица од Москва и Техеран го финализирале договорот за време на состанокот во Иран претходно овој месец.
Русија и Иран работат забрзано на споделување на сите информации за дизајнот и клучните компоненти кои се важни за да се започне со производство, кое тие сакаат да го започнат во рок од неколку месеци.
Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на Вашингтон пост за коментар по ова прашање.