Русија ја тресе скандал: Злогласните Чеченци ја силувале омилената водителка на Путин во окупираниот град?

од Radmila Tasevska
202 прегледи

Според некои украински медиуми, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста протече меморандум на руската телевизија НТВ, во кој се наведува дека нивната новинарка била силувана во окупираниот град Мелитопол. Руската новинарка Олга Зенкова била испратена во Мелитопол да направи репортажа од градот кој бил окупиран од Русите на самиот почеток на војната. Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за инцидентот дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба на НТВ, во која управата го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот. Официјалниот документ е испратен до шефот на Истражниот комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.

Каналот на Телеграм „Ишчи Свичи“ објави копија од писмото на шефот на рускиот канал НТВ до Истражниот комитет, кој бара истрага за извршеното злосторство.

Во писмото наводно напишано на 21 јануари 2023 година, во полиција е пријавено дека новинарката Олга Зенкова и снимателот Артиомас Епифанов работеле во Мелитопол. На 17 јануари тие биле на ручек во ресторанот „Воронцовски“, кога биле нападнати од мажи облечени во воени униформи, кои се претставиле како „претставници на баталјонот Ахмат“.

За време на инцидентот, снимателот се здобил со „умерени повреди“, а Зенкова била силувана, стои во објавениот допис.

На веб-страницата на НТВ навистина е посочено дека О. Зенкова е нивна вработена и „регионален дописник“, а А. Епифанов е исто така вработен во НТВ.

Слични содржини