131
Министерот за вонредни ситуации на Русија, Александар Куренков, денес изјави дека Москва ги повлекува спасувачките тимови од Турција и Сирија, земји кои беа погодени од разорниот земјотрес на 6 февруари.
„Спасувачката операција завршува. Тешка опрема е вклучена во отстранувањето на урнатините“, рече Куренков за време на телеконференција со руските оперативни групи во Турција и Сирија, пренесува ТАСС.
Куренков додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „со оглед на овие околности“ одлучил да ги повлече групите на руското Министерство за вонредни ситуации.