Новите измени на рускиот закон им забрануваат на државните службеници да ги користат повеќето странски зборови додека ги извршуваат своите должности, по одлуката потпишана од претседателот Владимир Путин, пишува „Ројтерс“.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин постојано повторува дека сака да ја заштити Русија од, како што го нарекува, дегенерираниот Запад кој се обидува да ја уништи земјата.
Измените на законот од 2005 година беа дизајнирани да го заштитат статусот на Русите, се вели во текстот објавен на веб-страницата на владата, пренесува „Хина“.