Русија, Кина и Иран денеска почнуваат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Русија, Кина и Иран ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив од 15 до 19 март, соопшти кинеското министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

„Во согласност со договорите меѓу вооружените сили на Русија, Кина, Иран и други земји, поморските сили на Кина, Иран, Русија и други земји ќе одржат заеднички поморски вежби ‘Поморски безбедносен појас-2023’ во Оманскиот залив од 15 до 19 март“, се наведува во пораката објавена на официјалниот профил на министерството на социјалната мрежа Вичет.

На крајот на февруари во Индискиот Океан се одржаа заеднички поморски маневри на Русија, Кина и Јужна Африка.

Слични содржини