Русија „национализираше“ 500 недвижнини на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Властите на Крим поставени од Москва, „национализираа“ околу 500 недвижнини лоцирани на полуостровот, кој Русија го окупираше во 2014 година, пренесува Sky News.

Некои од овие имоти наводно припаѓаат на украински политичари и бизнисмени.

Претседателот на Кримскиот парламент Владимир Константинов изјави дека имотот што им припаѓа на „соработниците на режимот во Киев“ е национализиран, а во имотот има банки, туристичка и спортска инфраструктура.

Национализиран е и имотот на поранешниот украински премиер Арсениј Јацењук и бизнисмените Игор Коломојски, Ринат Ахметов и Серхи Тарута.

Слични содржини