Во своето ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери од почетокот на војната.
„Вкупниот број на соборени руски хеликоптери е близу 250. Руските окупатори веќе изгубија толку многу опрема, не само авиони, што повеќето светски армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат“, рече Зеленски.
„Русија нема да може да се опорави од таквите загуби. Им благодарам на сите наши борци за постепената и неповратна демилитаризација на непријателот“, заклучи украинскиот претседател.