Русија нема за што да разговара со САД кога станува збор за Украина, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„Едноставно, немаме за што да разговараме со нив за Украина“, изјави Рјабков на новинарите.
Според него, дијалог меѓу Москва и Вашингтон за Украина во моментов не е можен, со оглед на спротивставените ставови на страните.