Русија: Патнички авион слета надвор од пистата, две лица загинаа

од Radmila Tasevska
149 прегледи

Две лица загинаа денес откако патнички авион слета од пистата во Ненецкиот автономен округ во северна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Во текот на ноќта, авионот слетал на ледено поле на околу 10 километри од селото Каратајка, пренесува руската новинска агенција РИА.

Во авионот имало двајца членови на екипажот и 10 патници.