РУСИЈА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДБИВАЊЕТО НА ПРИМИРЈЕТО Е СТАВ НА ЗЕЛЕНСКИ: „Тешко ни е да процениме“

од Nikola Popovski
333 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изрази сомневање дека отфрлањето на примирјето предложено од Русија од страна на советникот на претседателот на Украина Володимир Зеленски Михаило Подољак ја одразува позицијата на украинскиот шеф на државата, Володимир Зеленски, пренесува „Интерфакс“.

„Тешко ни е да процениме дали мислењето на Подољак ја одразува позицијата на претседателот на Украина“, рече Песков, пренесе Ројтерс.

Зеленски се уште не го коментирал предложеното примирје за време на православниот Божиќ, соопшти агенцијата.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер објави дека рускиот договор за прекин на огнот „не може и не треба да се сфати сериозно“.

Пентагон денеска соопшти дека светот е длабоко скептичен за повикот на рускиот претседател Владимир Путин за 36-часовен прекин на огнот во Украина по повод Божиќ.

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, изјави за новинарите дека постои значителен скептицизам во САД и во целиот свет во однос на повикот на Русија за прекин на огнот, имајќи предвид дека Русија, како што наведе, веќе долго време шири пропаганда и дезинформации и безмилосно ги напаѓа украинските градови. и цивили.

Рајдер нагласил дека фокусот на САД останува на поддршката на Украина.

Слични содржини