Русија: Уапсени украински специјалци во Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Русија денеска соопшти дека во областа Херсон во Украина, која ја контролира, уапсила припадници на украинската безбедносна служба кои планирале да нападнат припадници на проруските власти.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси девет членови на Украинската служба за безбедност (СБУ) и разузнавачка група во регионот Херсон, кои планирале да извршат терористички напад врз високи членови на регионалната воено-цивилна администрација, стои во соопштението на ФСБ, пренесува ТАСС.

Руската безбедносна служба објави и дека неутрализирала автомобил-бомба што, како што се наведува, украинските специјални сили планирале да го искористат за напад врз претставници на проруските власти во Херсон.

Слични содржини