Русија закажа нов состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

Првиот заменик претставник на Русија во Обединетите нации, Димитриј Пољански, најави дека на 17 јануари ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина, по барање на руската влада.

„Нема да навлегувам во детали за тоа што ќе се случи во Советот за безбедност со нашиот поднесок за Украина на 17 јануари. Нека живеат нашите противници засега во неизвесност, иако веќе ги навикнавме дека на нивната антируска средба, се обидуваме да одговориме со сопствена средба на тема која им е непријатна“, напиша дипломатот, пренесува ТАСС.

Состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, како што беше претходно најавено, ќе се одржи на 13 јануари.