Ситуацијата на Блискиот Исток го одвлече вниманието на голем дел од светот од војната во Украина, која американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја заврши додека му трае мандатот.
Неговиот делегат за мировни преговори, Стив Виткоф, во последните месеци разговараше и со украинската и со руската делегација, но без успех.
Најновите разговори на Виткоф со московските претставници се одржаа вчера во Флорида, а беше дискутирани и за енергетската криза предизвикана од војната во Иран, изјави претставникот на Владимир Путин, Кирил Дмитриев .
Тој изјави дека САД се меѓу „многуте земји кои сега ја разбрале клучната, системска улога на руската нафта и гас во обезбедувањето стабилност на глобалната економија“. Тој нагласи дека тие наводно разбрале и колку се деструктивни санкциите врз Русија.
Многу аналитичари веруваат дека зголемувањето на цените на нафтата предизвикани од војната во Иран ќе му помогне на Кремљ поинтензивно да се врати на енергетскиот пазар.
Русија во моментов продава нафта по пониска цена на своите главни купувачи Индија и Кина, а поради нарушувањата на пазарот, сега може да наплаќа полна цена. Што укажува дека војната ѝ помага на Русија да врати пари во буџетот кои беа значително потрошени поради четиригодишната војна во Украина.