Русија: Америка сака да предизвика немири и да ја смени власта во нашата држава

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

САД се повеќе се фокусираат на промена на владата и организирање внатрешни немири во Русија, изјави заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков.

„САД не само што започнаа хибридна војна против Русија, која се води, очигледно, до последниот Украинец. Тие сè уште сакаат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија и да покажат зголемен фокус на промената на власта (во Русија), да организираат внатрешни немири во Русија“, рече заменик министерот.

Рјабков не исклучи дека натамошната ескалација од страна на САД може да доведе до прекин на руско-американските дипломатски односи.

„Опсегот на избор, земајќи го предвид расположението во Вашингтон, е мал. Чисто негативна опција е натамошната ескалација, до (во дипломатска насока) прекин на исклучително тенките билатерални односи. Или помалку драматична опција: Целосна воздржаност на Русија и Кина со елементи на дијалог, во комбинација со активни обиди да се создаде раскол на мнозинството во светот што не се согласува со западниот светски поредок, врз основа на правила“, објасни тој.

Рјабков додаде дека не може „точно да предвиди што ќе преовладува“ во американската политика, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини