Руските власти денеска издадоа нова потерница за близок соработник на опозицијата, Алексеј Навални, активист кого Москва го нарече предавник затоа што тој се залага за воведување на европски санкции.
Леонид Волков, кој сега живее во Литванија, веќе беше на списокот со барање на руските власти. На агенцијата Франс прес во московскиот суд ѝ било кажано дека тој сега се наоѓа во базата на Заедницата на независни држави.
Портпаролката на судот Ирина Морозова изјави дека е издаден налог за Волков за „поттикнување малолетни лица да вршат незаконски дела“, што се однесува на демонстрациите за ослободување на Навални, кои беа одржани низ цела Русија во јануари. Максималната казна за тоа дело е три години затвор.
„Вака треба да реагираме…да не обрнуваме внимание на тоа, да продолжиме да работиме“, изјавил Волков на Телеграм.
Во понеделникот вечерта, Волков на Телеграм објавил дека разговарал за „пакет санкции“ со претставниците на земјите од ЕУ пред соработниците на рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на апсењето на Навални.
Москва одговори со обвинување на Волков за „предавство“, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека е легитимно да се квалификува како „криминални дела“ повици за воведување санкции кон Русија.
ЕУ во повеќе наврати бараше ослободување на Навални, кој беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија, каде се опоравуваше од труењето.