Русија бара од суд да го прогласи Азов за терористичка организација

од Nikola Popovski
273 прегледи

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот полк Азов за терористичка организација.

„Судењето на украинското паравоено националистичко здружение Азов (други имиња: Азов баталјон, Азовски полк) како терористичка организација и забраната за активностите на Азов во Руската Федерација е закажано за 26 мај“, соопшти руското Министерство за правда, пренесе Ројтерс.

Оваа вест е објавена откако синоќа од челичарницата Азовстал беа евакуирани украински борци, од кои голем дел се членови на Азов.

Портпаролот на Кремљ нема коментар

Претходно, портпаролот на Кремљ одби да коментира дали бранителите на челичарницата, кои сега се во руски притвор, ќе бидат третирани како воени затвореници или воени злосторници.

Некои борци од Азов биле поврзани со националистички и екстремно десничарски групи. Подоцна полкот беше вклучен во Украинската национална гарда.

 

Слични содржини