Американскиот институт за проучување на војната оцени дека Кремљ најверојатно се обидува да најде посредници за преговорите со Украина.
Според извештајот на Институтот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнал со својот бразилски и индиски колега Мауро Виеира и Субрахмањам Џаишанкар на маргините на вчерашниот состанок на Советот за соработка Русија и Заливот во Саудиска Арабија, пренесува Униан.
Лавров со соговорниците разговарал за војната во Украина, но руското Министерство за надворешни работи не открива детали од средбата.
Бразил и Кина од мај го промовираат својот мировен план од шест точки „Политичко решение на украинската криза“, чии клучни принципи се во корист на Русија.
Индискиот премиер Нарендра Моди неодамна дојде во Киев и официјално ја потврди поддршката на Индија за мирот во Украина врз основа на принципите на меѓународното право, вклучувајќи го и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на државите.
Во исто време, Лавров го повтори ставот на Кремљ дека украинската „формула за мир е ултиматум“ и дека Русија никогаш сериозно не го разгледала планот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 27 август рече дека „дијалогот со Путин е бесмислен“ бидејќи тој се обидува да преземе најмалку 30 отсто од украинската територија.
Според Зеленски, Путин не бара компромис, туку „тој сака да ја уништи Украина“.