Русија: Белорусија обезбеди струја за нуклеарната централа Чернобил

од Nikola Popovski
338 прегледи

Енергетскиот систем во Белорусија обезбеди електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил во Украина, изјави заменик министерот за енергетика на Русија, Евгениј Грабчак.

„Белорускиот енергетски систем обезбеди електрична енергија за нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските вооружени сили. Далновод Мозир – нуклеарна централа Чернобил е под напон. Работниците во централата го воспоставија напонот за електраната“, напиша Грабчак на Телеграм каналот на Министерството за енергетика.

Специјална воена операција на Вооружените сили на Русија ја контролира територијата околу нуклеарната централа Чернобил, која е конзервирана и нуклеарната централа Запорожје, која е активна.

Како што објави руското Министерство за одбрана на 9 март, цел на украинските националисти беше електричната мрежа што ја снабдуваше со енергија нуклеарната централа Чернобил, но руските експерти ги презедоа сите мерки да се префрлат на резервни извори на енергија базирани на дизел генератори.

Рускиот заменик министер за енергетика Павел Сорокин истакна дека белоруската страна оперативно го разработила прашањето за овозможување на нуклеарната централа со електрична енергија од белорускиот енергетски систем.

Слични содржини