Русија брза со ударите во Сирија, за да го диктира мирот

од desk3
186 прегледи

Москва се вклучи во борбите во Сирија, за да го врати значењето во меѓународната дипломатија. Таа го постигна тоа донекаде и се надева да ја искористи својата воздушна моќ за да ги диктира условите за примирје и идните мировни преговори, пишува Владимир Исаченков АП.

0000293206-article2

Руските воени авиони помогнаа на сириската армија да напредне на широкиот фронт и да се доближи до најголемиот град во земјата Алепо. Од друга страна поддржана од Западот опозиција е превиткана и ослабена.

Па сега кога разговорите се пренасочија кон примирје, сирискиот претседател Башар Асад (единствениот сојузник на Москва во регионот) е во силна позиција, во каква што не бил со години. Нешто повеќе – Русија се манифестира како потребен глобален играч, која го држи клучот за излегувањето од петгодишниот конфликт, кој ја поплави Европа со бегалци. И САД не можат да се надеваат да го протуркаат својот план за завршување на војната без конфликт со Русија.

Но тоа не значи дека пред рускиот претседател Владимир Путин нема проблеми. Турција, Саудиска Арабија и други регионални играчи кои ги поддржуваат непријателите на Асад, со незадоволство гледаат како сирискиот лидер ја зајакнува својата власт. Тие се канат да распоредат свои копнени сили во Сирија, што може да го прошири фронтот на борбите и да ја зајакнат заканата од конфронтација меѓу нивните и руските сили.

Вашингтон гледа на Асад како на главна пречка за мирот и нема желба за дијалог меѓу воените претставници од САД и Русија.

Путин може да го одлучи исходот на претседателската трка во САД

Засега Путин силно посакува да ги подигне влоговите со надеж дека опсадата на Алепо од страна на силите на Асад ќе ги зајакне дополнително позициите на Русија. Последиците од воздушните напади на Москва изгледаат значајни, со оглед на умереното количество на руските сили – само неколку десетици авиони. Тие сепак делуваат со диво темпо и секој од нив лета по неколку пати дневно и за 4 месеци биле извршени над 6.000 борбени мисии.

Оваа кампања – првата воена операција на Русија надвор СССР по неговото распаѓање во 1991 година – го покажува новиот потенцијал на преродбата на вооружените сили на земјата и и дава можност на Русија за прв пат да ги тестира во борбени услови новите оружја. Еден од примерите е испробувањето на нови ракети со голем дострел кои се истрелуваат од сите можни лансери – стратешки бомбардери, борбени бродови во Каспиското Море и подморници крај Сирија.

sirija

Москва негира дека има намера да отвора други воздухопловни бази во Сирија освен онаа во Хемејмим во крајбрежната провинција Латакија, која е бастион на алавитите на кои припаѓа Асад. Руските воени претставници велат дека нема поента да се гради, бидејќи на руските борбени авиони им се потребни само 15 минути да стигнат од Хемејмим до секој регион во Сирија.

Русија прати непознат број инструктори да обучуваат сириски војници за да се справат со руското оружје и да помагаат за координацијата на воздушните напади. Путин сепак цврсто исклучува борбени дејствија по копно.

Со оперативниот центар од базата во Хемејмим која се наоѓа длабоко во внатрешноста во контролирана од владата територија, Москва го минимизира ризикот од жртви во својата вооружена интервенција. Досега руските воени загубиле три лица во Сирија: еден пилот загина откако неговиот авион беше соборен од турски борбен во ноември; еден маринец загина во мисијата за спасување на вториот пилот од соборениот авион; еден руски воен советник убиен при минофрлачки напади на фронтот.

Со ограничувањето на своето присуство во Сирија Кремљ е во состојба да ги задржи трошоците за борбените дејствија на ниво од два до четири милиони долари дневно – поднослива сума дури и за западнатата во криза руска економија. Во такви трошоци Кремљ ќе може да ја поддржува воздушната кампања неопределено долго.

Но меѓу европските партнери на Америка, кои се обидуваат да се справат со тековниот прилив на бегалци од конфликтот, нема таков фонд на трпение.

Русија ја започна својата воздушна кампања на 30 септември, на пет години по започнувањето на војната, и ефектот брзо стана видлив со повеќенасочна офанзива на силите на Асад. Сега главните напори на сириската армија се фокусираат на Алепо, најголемиот град во Сирија и негова комерцијална престолнина, кој од 2012 година е поделен меѓу владата и противниците .

Во последните недели војниците на Асад, потпомогнати од “Хезболах” и ирански единици, методично ги сечат линиите за снабдување, како принудија над 50 илјади цивили да избегаат кон блиската турска граница. Руските воени авиони вршат до седумдесет напади дневно и вршат постојан притисок врз антивладините сили, и ги поразуваат нивните укрепени премини и магацини .

Оваа стратегија носи ризици, како што се виде при руско-турскиот напон по соборувањето на рускиот авион. А во пренатрупаното небо над Сирија, велат претставници на САД, руските пилоти често прават ризични маневри и летаат исклучително блиску до борбени авиони на САД.

Москва и Вашингтон се договорија да разменат информации за своите воздушни операции над Сирија, за да се спречат инциденти, но Русија инсистираше за уште поголема координација. Изгледа Путин се надева дека вклучување на САД во соработка меѓу вооружените сили во Сирија ќе биде од помош за слабеењето на тензиите во односите и исто така ќе ја претстави Москва како сила еднаква на Вашингтон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави минатата недела дека тесната координација помеѓу американски и руски воени експерти би била од значење за обезбедување на примирје. Но истовремено Русија се заканува да ги зајакне воздушните напади против екстремистичките групи, од што јасно произлегува дека Москва не брза да ги запира борбите.

А Путин очигледно е подготвен да се обложи дека работите ќе продолжат да се развиваат, како што тој сака.