347
Рускиот претставник за односи со ЕУ, Владимир Чижов, денеска ги повика германските власти да го потврдат гасоводот „Северен тек 2“ пред истекот на рокот до 8 февруари, пренесе агенцијата РИА.
Според руската агенција, Чижов им рекол на германските регулатори дека овој потег ќе биде корисен за европските потрошувачи, пренесува Ројтерс.
Операторот на „Северен тек 2“ во понеделникот објави дека првиот крак на гасоводот бил исполнет со околу 177 милиони кубни метри технички гас, со што завршил процесот на негово полнење.
Тој притисок, како што е наведено, е доволен за да започне транспортот на гас преку гасовод кој се протега од Русија преку Балтичкото Море до Германија.