111
Претставници на администрацијата во градот Енергодар, кој е под руска контрола, денеска соопштија дека струјата од нуклеарната централа Запорожје во Украина се испорачува нормално.
Украинската државна компанија за атомска енергија „Енергоатом“, меѓутоа, во четвртокот соопшти дека шест од реакторите на централата биле исклучени од електричната мрежа на земјата.
„Електраната Запорожје работи нормално, нема никакви дефекти“, изјави шефот на управата на Енергодар, Александар Волга, пренесува РИА Новости.