Русија евакуира уште илјадници луѓе додека Украина тврди дека напредува

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Русија почна да евакуира уште илјадници луѓе од своите погранични области во четвртокот, откако Украина соопшти дека напредува со молскавичен упад во земјата, чија цел е да ја принуди Москва да го забави напредувањето долж остатокот од фронтот.

Најголемиот странски напад на суверена руска територија од Втората светска војна се случи на 6 август, кога илјадници украински војници ја пробија западната граница на Русија и го посрамотија руското воено раководство.

Со помош на беспилотни летала, тешка артилерија и тенкови, украинските единици оттогаш ги „тресат“ руските сили, а во четвртокот битките се водеа долж фронтот од околу 18 километри во руската територија, пренесе Ројтерс.

Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека квартот Глушков, кој има 20.000 жители, се евакуира. Според руските податоци, досега се евакуирани најмалку 200.000 луѓе од пограничните области.

Слични содржини