Русија ги исклучи владините веб-страници

од Stefanija Kuzmanovska
455 прегледи

Русија во обид да го блокира Твитер по грешка ја „сруши“ веб-страницата на Кремљ и другите државни агенции.

Руското регулаторно тело „Роскомандзор“ се закани дека ќе ја блокира американската социјална мрежа Твитер, доколку не ја отстрани забранетата содржина од својот „њуз фид“. Со цел да им се заканат, руските власти ја блокираа видео содржината на Твитер.

Рускиот претседател Владимир Путин е незадоволен од отворената поддршка на Твитер за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Американската платформа им помагаше на приврзаниците на Навални во организирањето масовни антивладини протести, разбеснувајќи го Путин, кој повеќепати ја нарекуваше мрежата „креација на ЦИА“.

Во моментот кога сообраќајот на Твитер беше забавен, неколку страници на државни агенции одеднаш исчезнаа од мрежата, вклучувајќи ја и страницата на руската влада. Исклучен е и сајтот на самиот Роскомандзор, како и сајтот на агенцијата за цензура и Министерството за економија.

Многумина го доживеаја падот на руските страници како американски сајбер напад, но Москва призна дека направиле грешка.

Слични содржини