Русија ги повикува своите граѓани да се воздржат од патување во Молдавија

„Москва продолжува да бележи бројни случаи на дискриминација, неоправдано вознемирување и несоодветен третман на руските граѓани кои влегуваат во Република Молдавија од страна на молдавските власти“, соопшти денес руското министерство.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Russian Foreign Ministry - МИД России/X

Руското Министерство за надворешни работи денес им советуваше на руските граѓани да се воздржат од патување во Молдавија, поради, како што е наведено, „бројни случаи на дискриминација“.

„Москва продолжува да бележи бројни случаи на дискриминација, неоправдано вознемирување и несоодветен третман на руските граѓани кои влегуваат во Република Молдавија од страна на молдавските власти“, соопшти денес руското министерство.

Во овој поглед, како што е наведено, Министерството за надворешни работи „силно препорачува руските граѓани да ги земат предвид горенаведените ризици и, доколку е можно, да се воздржат од патување во Република Молдавија“, пренесе ТАСС.

Во соопштението се наведува и дека молдавските власти не им овозможуваат пристап на руските граѓани кои работат во амбасадата во Кишињев.

„Соодветните барања на руската дипломатска мисија се игнорираат. Затоа, обезбедувањето конзуларна поддршка е практично невозможно“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.