Русија ги продава “златните кокошки”, се будат кошмарите од приватизацијата во 90-тите…

од desk3
115 прегледи

Русија планира потенцијална приватизација на седум големи државни компании, вклучувајќи ги и “Аерофлот”, “Алроса” (за екстракција на дијаманти) и “Роснефт”. Ова се случува во услови на преземените од Кремљ драстични мерки за надоместување на намалените приходи од нафта, пишува Financial Times.

putink

Одлуката да се размислува за првиоти таков чекор е резултат на последниот пад на цените на нафтата, кој се очекува да ја доведе Русија до втората година на рецесија и до се поголема дупка во буџетот. Низ годините Москва продаваше удели на мали државни компании, но процесот се одложи по враќањето на Владимир Путин на претседателската функција во 2012 година Спомените за приватизацискиот бран во Русија, со која либералните политичари се обидоа да ја забрзаат транзицијата од советска економија во 90-тите години на минатиот век, не будат добри чувства, бидејќи тогаш се збогатија мал број луѓе и се создаде олигархиска класа.

Приватизациски планови

Во понеделникот раководителите на “Алроса”, “Роснефт” и нафтената компанија “Башнефт”, руските железници, државната банка ВТБ “Аерофлот” и најголемата руска бродоградбена компанија “Совкомфлот” присуствуваа на состанокот, на која Путин разговараше за приватизациските планови за оваа година со економскиот тим.

“Претходно приватизацијата беше управувана од намерите за промена во структурата на економијата и оптимизирање . Сега темата за собирање на средства поради големиот пад на цените на нафтата е една од причините за тоа приватизацијата повторно да е на дневен ред”, вели Олег Кузмин, руски економист од Renaissance Capital.

Северна Кореја се подготвува за истрелување интерконтинетална балистичка ракета

Кабинетот на премиерот Дмитриј Медведев се обидува да го коригира буџетот за 2016 година, кој беше планиран врз основа на прогнозата за дефицит од 3% кај цена на суровата нафта од 50 долари за барел, но тоа беше нивото од почетокот на ноември. За Русија, која се потпираше на приходите од нафта и гас за над половина од буџетот до 2014 година, ситуацијата е тешка. Минатата година падот на цените на нафтата го намали уделот на приходите од нафтата и гасот до 43% од буџетските приходи и се очекува процентот да падне до 35, ако цената на барел нафта се задржи на околу 30 долари.

Москва веќе планира 10 отсто намалување на трошоците и други чекори, преку кои ќе заштеди околу 13 милијарди долари. “Но, ако цената на нафтата се задржи на 30 долари за барел, владејачките ќе мора да си обезбедат уште средства за исполнување на поставената цел од 3% буџетски дефицит”, тврди Кузмин.

Извор на средства

Најголемиот потенцијален извор на средства е приватизацијата. Но засега инвеститорите се скептични, бидејќи корупциските продажба на државни средства во 90-тите години го оцрнија концептот за приватизација. “Секоја продажба за премногу ниска цена ќе се изложува на сомневање дека пак правиме нешто како во 90-години”, вели неименуван владин претставник.

Извор на Financial Times тврди дека главниот извршен директор на “Роснефт” Игор Сечин ги отфрла разговорите за приватизацијата на компанијата и инсистира на тоа дека се уште не е донесена одлука. Според специјалисти најреална засега е приватизацијата на “Совкомфлот”.

Во понеделникот Путин рече дека сепак државата не треба да ја изгуби контрола над стратешки компании и удели на државни претпријатија треба да се продаваат само на купувачи, регистрирани во Русија. Тој исто така предупреди дека нема да има продажба за ниски цени.