Русија го блокираше пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости. Причината не е наведена.
Барањето за блокирање на пристапот на „Билд“ во Русија беше примено по барање на Канцеларијата на главниот руски обвинител, а државниот регулатор Роскомнадзор го одобри и го спроведе барањето, пренесува РИА.
„Билд деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, на германски и руски јазик. Руските цензури за блокирање на нашиот портал потврдуваат дека нашите новинари работат на промовирање на демократијата, слободата и човековите права“, изјави шефот на Билд, Јоханес Бое за Си-Ен-Ен.
„Нивната одлука дополнително не охрабрува да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да добиваат вести и факти независни од руската државна пропаганда“, додаде тој.