Руската владејачка партија Единствена Русија во средата соопшти дека владиниот одбор го одобрил првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании кои ја напуштиле земјата по воведувањето санкции поради инвазијата на Украина.
Партијата рече дека Одборот го поддржал законот кој им дозволува на компаниите чија сопственост е 25 отсто или повеќе е во раце на странци од „непријателските земји“ да добијат надворешен менаџмент.
„Ова ќе спречи стечај и ќе заштеди работни места“, се вели во соопштението.
Странските корпорации донесоа различни одлуки за нивниот бизнис во Русија по нападот на Украина. Компаниите како американскиот Форд привремено ги затворија фабриките, но некои како британската енергетска компанија БП ветија дека целосно ќе ја напуштат земјата.
Единствена Русија тврди дека во предлог-законот се наведува дека компаниите кои најавиле заминување од Русија може да одбијат надворешно управување доколку продолжат со своите активности или ги продадат своите акции во рок од пет дена, под услов да се одржуваат деловните активности и вработените.
Доколку не го сторат тоа, судот ќе назначи привремена управа на три месеци, откако акциите на новата организација ќе бидат ставени на аукција, а старата ќе биде ликвидирана.