Русија го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина, што дополнително ги поттикна тензиите меѓу двете земји, кои започнаа со тврдењето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејско потекло.

Израелските власти вчера го критикуваа Лавров, велејќи дека неговото тврдење – изнесено кога зборуваше за украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој е Евреин – е „непростлива“ лага која ги намалува ужасите на нацистичкиот холокауст, пренесува „Ројтерс“.

Израел изрази поддршка за Украина по почетокот на конфликтот во февруари, но избегна директна критика од Москва и не воведе формални санкции за руските олигарси, внимавајќи да не ги наруши односите со Русија, моќен посредник во соседна Сирија.

Слични содржини