208
Руското Министерство за надворешни работи денеска го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролот на МНР Иван Нечајев изјави дека предлогот е „неприфатлив“.
Нуклеарната централа во Запорожје беше заземена од руските сили во март, а нуклеарната централа е во близина на првите линии на фронтот и во последните денови често беше под оган, што предизвика многумина да стравуваат дека може да се случи нуклеарна катастрофа.