Канцеларијата на рускиот генерален обвинител го класифицираше Дојче Веле (DW), медиум финансиран од германската влада, како „непожелна организација“, објавија руските медиуми.
Класификацијата беше побарана од страна на руската државна Дума во август.
DW сега им се придружува на голем број други медиумски организации, невладини организации и фондации кои веќе се означени како „непожелни“, вклучувајќи ги Радио Слободна Европа, Белингкет, CORRECTIV, Репортери без граници (MSF) и ТВ Дожд, објави DW.