Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем му соопштил на специјалниот амбасадор на ОН Стефан де Мистура за подготвеноста на сириската влада да учествува на планираните за 25 јануари во Женева преговори за решавање на ситуацијата во земјата, соопшти Ројтерс.Според Муалем е потребно да се состави список на претставниците на сириската опозиција, кои ќе земат учество во преговорите, и сириската делегација да добие листа на терористички организации.
Лидерите на сириската опозиција уште во вторникот, исто така го известија Стефан де Мистура дека се подготвени за разговори. Тие изјавиле дека Дамаск треба да преземе чекори за зајакнување на довербата, а уште пред почетокот на преговорите да се ослободат затворениците, да го прекине бомбардирањето на области со мирно население и да ги прекине блокадата на контролираните области од востаниците.
Русија и Сирија ќе дејствуваат во тандем и во целосна синхронизација, но во текот на преговорите Москва е нормално да го турка напред Дамаск, а зад него ќе стои целиот руски дипломатски потенцијал. Нивната вкупна позиција веројатно ќе се стреми кон одложување на преговорите, за да може во сегашната офанзива на владината армија да преземе нови територии и од таа позиција да диктира свои прифатливи услови.
Северна Кореја: Садам и Гадафи се добар пример што се случува кога запира нуклеарната програма
Листата на учесници од опозициски лидери ќе треба да се докажува колку е легитимна – кој од кого е овластен да го претставува, секој опозиционер ќе треба да уверува дека никогаш немал интеракција со ИД. Листата на терористичките организации пак отсега ја минира конференцијата – многу мал дел од сириската опозиција може да помине за “умерена” и тоа чисто политичка.
Пред тоа сепак Дамаск со задоволство ќе посочи дека се поврзува со дел од оваа фамозна “умерена опозиција” во борбата со ИД и ќе изрази безусловна подготвеност да разговара со овој дел во врска со иднината на Сирија.
Барањата на опозицијата најверојатно ќе бидат мотивирано пренасочени: За ослободување на затворениците ќе треба да се прецизираат персоните, дали не припаѓаат на терористички организации, а таков список нема и едвај наскоро ќе биде утврден. За бомбардирањето ќе биде кажано дека нивното запирање ќе работи во корист на ИД, а Русите имаат претензии дека никогаш не гаѓале цивили објекти. Деблокирањето на контролираните од востаниците области повторно ќе допре до прецизирањето кои се навистина антиисламистките сили во опозицијата и колку тие тоа го докажуваат сега во борбата со ИД.
Сириската страна сигурно има за секој случај подготвени (од Русите) позиции, на кои планира да отстапи во знак на добра волја и како мерка за “зајакнување” на довербата.
Во светот има докажани две “итри” и суптилни дипломатии – на Русија и на Велика Британија, ривали од пред 200 години. Овој пат Британскиот лав нема да се појави на рингот против Руската мечка, бидејќи му недостасува царски интерес. Реално од другата страна ќе се само САД, но кога Вашингтон располагал со дипломатија, која поседува други средства за влијание освен брутална сила, уцени и пари?
Средбата во Женева сигурно ќе мине по напишаното сценарио од Кремљ, со деклариран респект и почит кон ОН, со многу учтивост и резервирана насмевки, од кои дел ќе се задржат и по нејзиното завршување. Русите ќе го остават сепак чувството дека делегацијата на опозицијата не е подготвена, несериозна е и таа е виновна за не се реалзизираат поставените цели. Впрочем како да се подготви една збирштина од луѓе кои ги обединува пред сè сонот да го соборат Башар Асад и да ја земат во рацете власта, откако убијат разоружани противници?
Дали ќе биде направена фотографија на учесниците? – Може, но ако е во почетокот. Потоа сите набрзина ќе се разотидат, што некои залудно доста ќе се избрзаат – во Сирија ги очекуваат руските бомби и сириските тенкови.
