Русија ја поддржува позицијата на Техеран во однос на иранскиот нуклеарен договор и САД треба да ја повлечат својата позиција и да се вратат на првичниот договор, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Сега работата е во тоа што Американците се обидуваат да направат промени во новиот договор, додека Иранците инсистираат на договорот усвоен во 2015 година. Верувам дека ставот на Иран е апсолутно легитимен“, изјави рускиот министер на самитот на АСЕАН во Камбоџа, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Американците „се повлекле од планот што еднаш го одобрија сите други партии и самите Американци“.
„Со оглед на тоа што Вашингтон се обиде да го укине планот, сега треба едноставно да се потсети на својата позиција од претходно и да се врати на првичниот договор. Тоа сега е проблем“, нагласи Лавров, пренесе „Танјуг“.