Русија потрошила 33 милијарди рубљи (429 милиони евра) за воздухопловната операција во Сирија, но од неа може да освои многу повеќе, тврди “Комерсант”. Тоа е така, бидејќи користењето на руско оружје на Блискиот Исток стана најдобрата реклама пред потенцијални купувачи. За проценка на изданието во наредните години Русија може да склучи воени зделки во регионот на вкупна вредност 5.5-6 милијарди евра.
Трошоци
Руските воздушни напади, а следствено и зголемени трошоци во Сирија почнаа на 30 септември, кога бомбардери од формираната во Латакија воздухопловна група почнаа да бомбардираат на позиции на различни милиции, кои се борат против режимот на Асад. Кремљ ја објасни операцијата со интереси од национална безбедност. Покрај нив, земјата се потпира и на сериозни економски дивиденди. Така смета на пример генералниот директор на државната корпорација “Ростех” Сергеј Чемезов. Во септември тој изјави дека при заострување на ситуацијата во светот договорите за оружје секогаш се зголемуваат.
За половина година руските војници ја претворија Сирија во своевиден пробен полигон. Во почетокот тие се потпираа на проверени модели како модернизираните бомбардери Су-24М и Су-25СМ. Брзо кон нив се приклучија бомбардери Су-34, авиони Су-30см и најновите Су-35С. Во базата во Хмејмим беа префрлени и хеликоптери Ми-8П, Ми-24, Ми-35м, Ми-28Н и Ка-52. Таа, пак, беше обезбедувана од густ круг ПВО комплекси “Панцир-С1”, како и од системи “Бук-М2” и С-400. Од копнената техника во Сирија беа испратени тенкови Т-90 и оклопни транспортери БТР-82А. За ударите се користеа не само старите бомби како ФАБ-250 или ОФАБ-500, но и современите КАБ-500С, како и ракети Х-101 и Х-555. Ударите со модерните ракети “Калибар-НК” од Средоземното и Каспиското Море се сосема одделен случај. Со 48 истрелани тие ги докажаа своите можности.
Србин со француски пасош раскажа за 3-годишниот пекол во заробеништво на “Ал Каеда”
Според извор на “Комерсант”, запознаен со извозот на оружје од Русија, сега купувачите преферираат “проверено оружје”. Затоа “во Сирија убивме две муви со еден удар. Од една страна, ги покажавме можностите на техниката , а од друга, го проверивме во борбени услови повеќе од половина од летачкиот состав”, вели тој, цитиран од весникот.
Сето ова чинело 33 милијарди рубљи, тврди “Комерсант”. Ова е износот содржана во буџетот на Министерството за одбрана за вежби и борбена подготовка. Целата сума отишла за вистински борбени дејствија, продолжува весникот. Во неа се вклучени сите логистички и материјални загуби. Уште околу 10 милијарди рубљи (130 милиони евра) може да чини пополнување на потрошената муниција пресметува весникот.
Приходи
Овие трошоци, сепак може да се покажат незначителни на позадината на очекуваните дивиденди. Според неколку извори на весникот по почетокот на сириската кампања , руската Федерална служба за воено-техничка соработка примила барања од различни земји, главно за воздухопловна техника.
На пример во декември Алжир изјавил дека ќе купи 12 бомбардери Су-32. Според директорот на Новосибирската авијациски фабрика “Чкалов” Сергеј Смирнов преговорите за овие авиони се водени осум години. Успешното учество во Сирија одиграло клучна улога. Првата ескадрила Су-32 ќе го чини на Алжир не помалку од 500 – 600 милиони долари. Не е исклучено земјата понатаму да купи уште шест до 12 авиони.
Одделно земјата ги продолжува преговорите за два военотранспортни авион Ил-76 и веќе потпиша за испорака на 40 борбени хеликоптери Ми-28. Првата пратка хеликоптери веќе е подготвена за транспорт. Во овој случај сириската операција не одигра голема улога, бидејќи истите хеликоптери веќе работат во ирачката армија против самопрогласената “Исламска држава во Ирак и Левант” . Договорот се проценува на 600 – 700 милиони. Долари.
За авионите Су-35 се заинтересирани исто Индонезија, Виетнам и Пакистан. Џакарта сака 10 машини, а Ханој – цела ескадрила. И во двата случаи станува збор за договори во вредност од над 1 милијарда долари секој. Можно е Индонезија да побара кредит од Русија за купувањето.
Случајот со Пакистан е посложен. Индија ја обесхрабрува желбата на Исламабад да купи четири Ми-35. Рускиот претседател Владимир Путин лично мораше да му објаснува на индискиот премиер Нарендра Моди дека хеликоптерите ќе се употребуваат единствено за борба против ИД. Одделно Москва смета дека во најдобар случај Пакистан ќе купи не повеќе од шест авиони со вкупна вредност од 500 милиони долари. Во исто време Египет потпиша договор за купување на 46 хеликоптери Ка-52. “Алигатор” треба да започнат да пристигнуваат крај Нил во 2017 година
И покрај фактот дека за време на сириската кампања ПВО комплексите беа користени само за лоцирање, а не за уништување на цели, побарувачката и за нив е висок. Појавата на С-400 го зголемена нагло интересот кон нив во Саудиска Арабија и Индија. Со секоја од нив се водат преговори за четири до шест дивизиони С-400. Тоа прави по 2-3 милијарди долари за секоја трансакција, ако се оствари.
На крајот маркетинг ефектот од руската кампања во Сирија може потенцијално да доведе до склучување на договори за речиси 6 милијарди евра.
