Компанијата „Газпром“ ја прекина испораката на гас за „Северен тек“ поради дефект на турбината. Како што се наведува, прекинот на испораката на гас ќе трае додека не се поправи дефектот на турбината, пренесува „Дејли мејл“.
Овој гасовод, кој минува под Балтичкото Море и ја снабдува Германија и другите земји, работеше со капацитет од 20 отсто пред целосното затворање.
Москва ги обвинува санкциите, кои Западот ги воведе по почетокот на руската инвазија во Украина, за прекини во снабдувањето и одржувањето на „Северен тек 1“.
Русија е втор најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија и најголем светски извозник на природен гас.
Европа увезува околу 40 отсто од својот гас и 30 отсто од нафтата од Русија, а рускиот претседател Владимир Путин веќе е обвинет за „енергетска уцена“ со задушување на протокот на природен гас во Германија преку доводот „Северен тек“.
ЕУ соопшти дека Русија прибегнува кон енергетска уцена, додека Кремљ рече дека прекините се предизвикани од проблеми со одржувањето и ефектот на западните санкции.