191
Русија го прифати американското барање за разговори меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
Тој рече дека Вашингтон се уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови, објави „Ројтерс“.
Блинкен рече дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан – кои се затворени во Русија.