Рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак заклучи дека Вашингтон нема да се откаже од обидот да влијае на внатрешната политика на Русија. Русија во 2018 година ја очекуваат претседателски избори, а прашањето на новинарите на руската агенција ТАСС, дали САД ќе се мешаат во изборите, Кисљак одоговори потврдно наведувајќи дека САД се обиделе веќе да се мешаат и тешко дека сега ќа престанат. 
Обвинјвањата за тоа дека Русија се мешала во американските претседателски избори 2016 година не престануваат, а Кисљак истакна дека Русија упорно зборува дека не се мешале, бидејќи не се мешале, нарекувајќи ги обидите со кои сака да се обвини Русија “купишта невистини”.