Русија го врати споменикот на Владимир Ленин во окупираниот украински град Хеническ

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин е поставена во Хеническ, Украина окупирана од Русија, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, седум години по отстранувањето на претходната, како дел од напорите за „декомунизација“, пренесе Си-Ен-Ен.

На три фотографии, објавени на Фејсбук во понеделникот, се гледа нова статуа на Ленин пред зградата на регионалниот совет, а на покривот на зградата се гледа и руското знаме, објави американската телевизија, истакнувајќи дека ја потврдила автентичноста на снимките.

Како што се наведува, оригиналната статуа на Ленин пред зградата на владата е отстранета по налог на градскиот совет на 16 јули 2015 година.

Слични содржини