Русија ќе го задржи задолжителниот воен рок за 18-годишници, објавија државните медиуми, трајно зголемувајќи го бројот на млади мажи кои ги исполнуваат условите за воен рок, откако пратениците го одбија предлогот истиот да не почнува пред 21-годишна возраст.
Андреј Картаполов, поранешен генерал кој претседава со комисијата за одбрана на Долниот дом на парламентот, Думата, првично предложи периодот на регрутирање постепено да се помести на возраст од 21 до 30 години, пренесува „Ројтерс“.
„Тоа е возраст на која многу момци сакаат да служат“
„Одлучено е долната граница да се задржи на 18 години бидејќи токму на таа возраст многу момчиња сакаат да служат војска“, изјави денеска тој, пренесе руската државна агенција ТАСС.
Воената служба долго време е чувствително прашање во Русија. Многумина се обидуваат да избегнат да примаат повици за регрутирање. Стотици илјади луѓе ја напуштија Русија за да избегнат да бидат испратени во војна во Украина.