Русија: Гугл казнет со 82.000 долари, Фејсбук со 350.000

од Nikola Popovski
251 прегледи

Судот во Москва ја казни американската компанија „Гугл“ по три ставки со по 6 милиони рубљи (околу 82.000 долари) за неотстранување на забранета содржина. Од истите причини, Фејсбук е казнет со 26 милиони рубљи, или над 350.000 долари.

Руската служба за надзор во областа на комуникациите, медиумите и информатичката технологија (Роскомнадзор) вчера ѝ се закани на компанијата со забавување на сообраќајот затоа што не ги отстранила сите материјали со забранети информации во Русија.

Како што наведоа, испратиле повеќе од 26.000 известувања до американската компанија дека е потребно да се отстрани спорната содржина.

Според записите на Роскомнадзор, 5.000 забранети содржини не биле отстранети од „ЈуТјуб“, од кои околу 3.500 содржеле повици за екстремизам.

Во текот на денот, уште осум ставки ќе бидат разгледани против „Фејсбук“, додека предметите против „Твитер“ ќе бидат разгледани на 27 мај, а уште пет против „Гугл“ на 1 јуни.

За секоја од ставките, компаниите се соочуваат со парична казна од четири милиони рубљи, или околу 55.000 долари.

Според Роскомнадзор, ако не се отстранат содржините со повици за екстремизам, детска порнографија и информации поврзани со продажба на наркотични средства, казната е до осум милиони рубљи, а ако се случи повторно таков случај, казната може да се искачи до петтина сума од вкупниот годишен приход на компанијата.

Слични содржини