180
Русија го чека генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да реагира на нападот врз центарот за притвор во Народна Република Доњецк, изјави на каналот Телеграм првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.
Според него, руските дипломати го привлекле вниманието на шефот на ОН за одговорноста на Украина за нападот на зградата на затворот и ги осудија „обидите на режимот во Киев да ја префрли вината за тоа злосторство на Русија“.