Русија и Белорусија не се единствените: Кои земји не се поканети на погребот на кралицата Елизабета?

од Nikola Popovski
307 прегледи

На државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон ќе присуствуваат високи личности, од политички лидери на држави до истакнати членови на кралското семејство и претставници од целиот свет.

Кралицата Елизабета Втора, британски монарх со најдолго владеење, ќе биде погребана во Вестминстерската опатија на 19 септември. Нејзиниот погреб ќе биде првиот државен погреб во Британија по погребот на поранешниот британски премиер Сер Винстон Черчил во 1965 година.

Весникот „Њујорк пост“ пишува дека некои земји не биле поканети на погребот на кралицата.

Еве ја листата:

1. Русија

2. Белорусија

3. Авганистан

4. Мјанмар

5. Сирија

6. Венецуела

Шефовите на државите на тие земји не биле поканети, се наведува во извештајот.

Слични содржини