27
Русија ќе обезбеди околу 80.000 тони дизел гориво во вредност од 60 милиони долари за помош на Куба за време на енергетската криза, изјави вчера рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко.
„Русија е подготвена да и пружи итна помош на братска Куба во врска со моменталната ситуација во енергетскиот сектор, вклучително и испорака на околу 80.000 тони дизел гориво во износ одобрен во согласност со упатствата на претседателот – 60 милиони долари“, рече Чернишенко, јавува новинската агенција РИА.
Прекинот на струјата се случи во средата поради ураганот Рафаел, при што ветрови со брзина од над 185 километри на час оштетија домови, корнеа дрвја и уриваа телефонски столбови.