278
Руската обединета воздушна корпорација и државниот фонд за инвестиции во ОАЕ ќе формираат заедничка компанија за развој на нов мал суперсоничен патнички авион.
Ова денеска го соопшти рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.
Рускиот министер потврди и дека на крајот на оваа година или на почетокот на следната, светската јавност ќе има можност да види дизајнот на авионот, пренесе Спутник.
Сепак, познато е дека целите на конструкторите се новиот авион да развие брзина до 1,8 маха, како и дека ќе бидат произведени две верзии – со осум и со 30 места за патници.