329
Руското министерство за одбрана вечерва соопшти дека 94 руски војници се ослободени од украинско заробеништво, додека Киев објави дека 95 војници се вратени во Украина.
„Во рамките на преговарачкиот процес, 94 руски војници, чии животи беа во опасност, беа ослободени од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското министерство, пренесува ТАСС.
Во соопштението се додава дека ослободените војници ќе бидат пренесени во воените болници на лекување и рехабилитација.